Во Камбоџа е регистриран петтиот смртен случај од птичји грип од почетокот на годинава, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Станува збор за петгодишно девојче од јужната камбоџиска провинција Такео, кое вчера починало во болница. Анализите потврдиле дека тоа било заразено со вирусот на птичји грип Х1Н1. Во заедничкото соопштение на СЗО и камбоџиското Министерство за здравство се истакнува дека девојчето било во директен контакт со живина пред да се разболе.
Од 2003 година во Камбоџа се регистрирани 27 случаи на птичји грип, од кои само тројца починале.
Според статистичките податоци на СЗО, вирусот на птичји грип од 2003 година усмртил 365 луѓе ширум светот.