Петро Пирошенко со уверлива предност пред Јулија Тимошенко за изборите во Украина

Од:

Украинскиот тајкун Петро Пирошенко има уверлива предност пред Јулија Тимошенко, неговиот главен противник на неделните претседателски избори во Украина, покажуваат последните испитувања на јавното мислење.

Пирошенко, кој во земјата е познат како „кралот на чоколадото“ води пред Тимошенко со десет проценти, па прогнозите предвидуваат тој да победи на гласањето во недела, но се верува дека тоа нема да биде доволно и за конечен триумф.

Доколку никој не освои повеќе од половината од гласовите на Украинците, ќе се одржи и втор круг од изборите, предвиден за 15 јуни.

Уверливото заостанување на Тимошенко, во Киев се означува како знак за паѓањето на нејзината популарност меѓу домашните гласачи кои не веруваат повеќе дека таа е политичарот која може да ја обедини длабоко поделената земја, која се соочува со најтешката криза во својата историја. Таа на двапати досега беше украински премиер, а на претседателските избори во 2010 година загуби од сега сменетиот претседател Виктор Јанукович.

Тимошенко е позната како успешен бизнисмен во енергетскиот сектор, но која како политичарка и даде печат на украинската политичка сцена во изминатите десет години.

Таа никогаш не криела дека сака да ја освои претседателската функција, па веднаш по ослободувањето од затвор, каде помина неколку години, обвинета за финансиски злоупотреби, се вклучи во домашната политика, заканувајќи им се на домашните политички противници и на Русија.

На почетокот од предизборната кампања, Тимошенко порача дека „само таа може да ја спаси Украина од катастрофа“ вети дека доколку биде избрана за претседател, ќе организира референдум за членството на земјата во НАТО и во ЕУ. Таа ги уверува гласачите дека „ќе ја натера Русија да се повлече од анексијата на Крим“ извршена во март, но резултатите од анкетите покажуваат дека Украинците повеќе не и веруваат.

Нејзините политички противници тврдат дека ова е последната битка на некогашната ѕвезда на украинската политика.Тие веруваат дека таа, иако потекнува од Истокот на земјата, а рускиот јазик и е првиот што го зборувала, неможе да биде фактор за единство на земјата, поради нејзината антируска реторика и заканите кон руското и проруското насление во тој дел од поделена Украина.

Умерените и независните набљудувачи во Киев, сепак, предупредуваат дека е рано да се отпише Тимошенко, но тврдат дека ќе биде „катастрофа“ доколку победи Пирошенко, па се согласни на поразената политичарка да и даде да ја води владата.

Таа е позната како еден од архитектите и водачите на „Портокаловата револуција“ но и како еден од главните виновници за пропаѓањето на тоа движење. Тимошенко брзо дојде во судир со тогашниот претседател Виктор Јушченко кој ја именува за премиер.

Во 2005 година таа се судри и со Пирошенко, кој во тоа време раководеше со Советот за државна одбрана и безбедност, па претседателот ги смени и обајцата, а таа се сврте против Јушченко и Пирошенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми