Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

Од:

Претседателот на Чешката Република, Петр Павел, по вонредниот состанок на чешкиот државен врв во врска со пресвртот во политиката на САД кон Русија и нејзините сојузници, денеска предупреди дека иако Чешка би сакала посилен сојуз со САД, мора да биде подготвена и на фактот дека нејзиниот до неодамна сигурен сојузник ќе ја остави на цедило.

„Со оглед на промената на позициите на САД за голем број важни прашања, мора да посветиме многу повеќе внимание на нашите можности, како на Чешка, така и на Европската унија. Претпочитаме да останеме во близок сојуз со САД. Од друга страна, мора да бидеме подготвени на сценариото дека ќе останеме сами, Европската унија или дел од Европа“, изјави Павел.

Toj рече дека по разговорот со претседателите на двата дома на чешкиот парламент, премиерот, министерот за надворешни работи и министерот за одбрана, во случај Чешка и Европа да бидат оставени на цедило од САД, владата се подготвува интензивно да работи заедно со истомислениците за да се осигура дека Европа сè уште е способна да се брани.

„Соочени сме со забрзан, динамичен развој и во надворешната политика и во безбедносната политика во Европа и во светот. Сите забележуваме многу контрадикторни изјави кои пред неколку недели ни изгледаа невозможни и шокантни, но денес се реалност. Мораме да реагираме на вакви суштински промени“, изјави Павел.

Чешкиот претседател додаде дека во национален интерес е безбедноста на Чешка да се договори за мир што е што е можно пофер за Украина.

„Затоа ќе продолжиме да и помагаме на Украина. Тоа е земјата што ја нападнаа, а агресорот не може да биде награден за агресија“, рече Петр Павел.

Би можело да ве интересира

Чешка: Русија ќе се појави на границата доколку Украина ја загуби војната

Пендаровски-Павел: Недвосмислена и отворена поддршка од Чешка за евроинтеграциите на земјава

Чешка Влада: Со штедење и ако биде блага зимата земјата ќе има гас до следното лето

Ана Ололовска

Руска нафта повторно се испорачува за Унгарија, Словачка и Чешка

Ана Ололовска

Средба на раководствата на македонското и чешкото Министерство за внатрешни работи

А1он

Чешко МНР: Бугарските барања во заклучоците му штетат на проширувањето на ЕУ

Жарко Настоски