Петнаесет лица се повредени синоќа на универзитет во Анкара при судири меѓустуденти приврзаници и противници на преговорите што турската Влада ги води со курдските бунтовници за прекин на конфликтот.
Полицијата интервенирала со оклопни возила и солзавец за да ги растераат десетиците студенти кои се тепале со стапови и камења во кампусот на Блискоисточниот технички универзитет.
Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер минатата недела изрази жалење за зголеменото насилство на универзитетите во врска со мировниот процес.
Универзитетските кампуси во Турција одамна се претворени во места на насилство меѓу групи студенти со различни политички убедувања.