Петнаесет деца починаа поради нестручна вакцинација во Јужен Судан

Од:

Владата на Јужен Суден соопшти денеска дека 15 деца починале поради нестручна вакцинација на деца против сипаници, а Министерството за здравство истакна дека трагедијата е последица на човечка грешка.

Како што се наведува, при вакцинацијата бил користен еден шприц, а вакцината не била соодветно чувана.

Властите соопштија дека сите деца кои починале биле помлади од пет години, а веднаш е формирана комисија која ќе открие кој е одговорен и дали сите семејства на жртвите ќе бидат обештетени.

Кампањата за вакцинирање против сипаници опфаќа над два милиони деца ширум земјата.

Светската здравствена организација обезбеди обука за претставници на јужносуданските здравствени власти, додека УНИЦЕФ ги обезбеди вакцините.

Би можело да ве интересира

Во Јужен Судан уапсени шест новинари поради снимка на кој се гледа дека претседателот Мајардир се помокрил

Ана Ололовска

ЕУ и ОН бараат итен прекин на насилството во Јужен Судан

Ана Ололовска

Најмалку 57 загинати во етнички конфликти во источниот дел на Јужен Судан

Ана Ололовска

ОН: На осум милиони луѓе во Јужен Судан им се заканува глад

Ана Ололовска

ОН: Повеќе од 70 луѓе загинаа во насилства во Јужен Судан

А1он

Мистериозна болест во Јужен Судан одзеде 89 животи

А1он