Петмината Индијци осомничени за групно силување се изјаснија за невини

Од:

Петмината Индијци обвинети за групното силување и убиството на 23-годишната студентка во Њу Делхи во декември минатата година, денеска пред Судот се изјаснија за невини по сите точки од обвинението.

Обвинетите, кои во Судот беа донесени со прекриени лица, се обвинети по 13 точки, меѓу кои и за убиство, за што може да бидат осудени на смрт.

Според адвокатите, денешното рочиште траело само 15 минути, за кое време било прочитано обвинението и обвинетите се изјазниле за невини. Следното продолжение на судењето е закажано за 5 февруари.

Случајот на студентката, која на 16 декември била силувана во автобус во движење и претепана со метални шипки, по што почина по две недели, предизвика масовни протести низ улиците во повеќе индиски градови и поттикна јавна расправа за насилството врз жените во Индија.

Судењето на осомничените се спроведува во специјаклен „брз“ Суд, формиран по злосторството врз девојката. Целиот процес е затворен за јавноста.

За убиството на студентката е обвинет и еден 17-годишник, но тој не е вклучен во групата од петмината осомничени, туку ќе му се суди во одвоен процес бидејќи е малолетен. Максималната казна што тој може да ја добие е доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати