Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Мумбај

Од:

Петмина патници загинаа денеска кога се урна приватен хеликоптер, на запад од Индија, јавија агенциите, повикувајќи се на полицијата.

Погинаа, како што наведува индискиот печат, двата пилота и тројца патници.

Француските медиуми наведуваат дека хеликоптерот се урнал во областа Тајне, во индиската северна држава, Махараштра, додека летал од Мумбај до градот Аурангабада.

Индиските медиуми јавија дека хеликоптерот закачил електроводи.

Каналот НДТВ наведува дека урнатиот хеликоптер бил „Бел 212“, од американско производство, во сопственост на авиокомпанијата „Јунајтед хеличартерс“, што се занимава со превоз на патници кои работат во нафтената индустрија.

Како што пренесува ИТАР-ТАСС, ова е прв инцидент со хеликоптер на оваа компанија во последнте 15 години.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати