Најмалку пет лица загинаа при воздушен напад на украинската армија врз село во источната Лугаска област.
Локални медиуми јавуваат за оштетени голем број куќи.
Спасувачки тимови пристигнале во реонот во потрага по исчезнати лица кои можно е да се затрупани под урнатини од објекти за живеење.
Во Луганск денеска беше дадена воздушна тревога, но засега ситуацијата е мирна.