Петмина загинати, десеттина повредени во железничка несреќа во јужна Унгарија

Од:

Пет лица го загубија животот, а десеттина се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи во јужниот дел од Унгарија.

Несреќата се случила околу седум часот изутринава на железнички премин кај Миндсент во близина на границата со Србија, кога долшо до судар на камионет за превоз на луѓе и терет со моторен патнички воз. соопшти унгарската полиција. Од силината на ударот и моторниот вагон излетал од шините и се превртел покрај пругата.

Притоа смртно настрадале пет лица, а има повредени, и меѓу патниците во комбето и кај оние што патувале со возот.

Комбето било со унгарски регистерски таблички и превезувало локални работници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија