Петеринг: ЕУ прво треба да зајакне, а потоа да се прошири

Од:

Претседателот на Фондацијата Конрад Аденауер, поранешниот претседател на Европскиот парламент Ханс Герт Петеринг изјави дека дискусиите за нови членки на Европската унија сега немаат смисла бидејќи Унијата прво треба да зајакне, а потоа да се прошири.

– Во следните години нема смисла да се расправа за нови членки. ЕУ треба да јакне, а не да се проширува. Денеска се гледа дека Романија и Бугарија се примени прерано. Тоа треба да биде поука за нас, изјави Петеринг во интервју објавено денеска од полскиот весник „Газета виборча“.

Петеринг сепак истакна дека не е исклучено еден ден во Унијата да влезат и некои земји од Источното партнерство, поранешни советски републики кои ЕУ настојува да ги поддржи во реформите на патот кон европските стандарди со соработка и договори за стабилизација и асоцијација.

– Тоа што земјите од Партнерството не се развиваат според очекуваното не значи дека треба да им се заврти грб и да се остават сами на себе. Вртењето грб на соседите претставува стратешка грешка. Напротив, треба дополнително да се ангажираме, изјави Петеринг.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија