Шест луѓе загинаа, а повеќемина се повредени од огнено оружје на колеџ во Санта Моника во Калифорнија. Меѓу загинатите е и напаѓачот, соопшти полицијата.
Според полицијата, вооружениот маж кој бин во доцните 20-ти години најпрво ги застрелал својот брат и татко во куќата која живееле и ја запалил. Потоа почнал да пука по автомобили и се обидел да киднапира две возила.
По неуспешното киднапирање, побегнал во библиотеката која се наоѓала во близина, каде полицијата и го застрелала.
Се уште не е јасно како се случил нападот. Според американски медиум на неколку километри оддалеченост од колеџот се наоѓал претседателот на САД Барак Обама, кој учествувал на добротворен собир, но според првичните информации нападот не е поврзан на кој било начин со тоа.
Колеџот Санта Моника веднаш е затворен и студентите се повикани засега да не излегуваат од своите соби.