Пет загинати во хеликоптерска несреќа во Русија

Од:

Спасувачките екипи по дводневната потрага во остатоците од хеликоптерот во Далечниот Исток на Русија ги пронајдоа телата на сите пет патници, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.
Во соопштението се наведува дека спасувачките служби во остатоците од хеликоптерот Ми-8 ги пронашле телата на четворицата членови на екипажот и на еден патник.

Хеликоптерот превезувал три тони прехранбени прозводи на линијата Тугур – Бриакан, кога се урнал во четвртокот.

Леталото било во сопственост на добротворно здружение на руските вооружени сили, а воените истражни органи покренаа истрага во врска со кршењето на правилата на летање.

Ова е трет случај на пад на хеликоптер Ми-8 на територијата на Русија во изминатиот месец. Првиот пад се случи точно пред еден месец, кога Ми-8 се урна во Иркутската област. Тогаш загинаа сите девет членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Руските трупи го гаѓаа Харков со балистичка ракета

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Москва: Принудувањето на Русија на мир во Украина ќе биде фатална грешка

Горан Наумовски

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски