Пет новинари убиени во Сирија

Од:

Пет сириски новинари загинале во ракетните напади на војската кои се случија во последните два дена.

Од Комитетот за заштита новинарите наведува дека тие биле жртви на два одделни инциденти, во Дамаск и во Хомс.

Амар Мохамед Задо, Ахмед Аднан ал-Ашлак и Лоренс Фахми ал-Наими ги снимаа судирите во квартот Ал-Мидан во Дамаск на 27.март, кога војската на владата го погодила станот во кој биле сместени.

Медиумите од Дамаск објавија дека постои можност разурнувачите да ја имаат откриено место-положбата на новинарите и затоа подоцна директно ги нападнале.

Еден ден по овој настан новинарот и режисер, Базел ал-Шахад и снимателот Ахмед ал-Aсам, загинаа во ракетниот напад во квартот Сафсаф во Хомс.

Од ноември годинава, во Сирија загинаа најмалку девет новинари, локални и странски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија