При уривање на мал воен хеликоптер во источна Украина денеска загинаа двајца членови на екипажот и тројца патници, соопшти украинското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека, хеликоптерот „Ми-2“ веројатно се удрил во далновод.
Несреќата се случила во близина на градот Краматорск.