Пет лица меѓукои двајца полицајци, беа повредени во судири меѓу фудбалски навивачи и полицијата по фудбалски натпревар меѓу„Фенербахче“ и „Трабзонспор“ во Анкара.
„Фенербахче“ синоќа го победи „Трабзонспор“ со 1:0 во финалето на турнирот за купот на Турција.
Напнатоста меѓу привзраници на „Трабзонспор“ и полицијата започнала уште за време на второто полувреме на натпреварот.
По крајот на натпреварот се развиле вистински судири, во кои полицијата повеќепати употребила солзавец.
Во реонот на инцидентите биле испратени многу возила за брза помош.