Песков за идејата на Берлускони за преговори: „Подобро е некаде да се намами Зеленски“

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони дека само тој може да го „намами“ Путин на преговарачка маса, изјави дека Русија секогаш ги поздравува мировните напори и со задоволство ги поддржува, но дека, што се однесува до тоа некој да се „намами“ подобро е тоа да биде претседателот на Украина Володимир Зеленски.

-Претседателот Путин во повеќе наврати изјави дека секогаш со задоволство ги поздравуваме сите мировни напори и ги поддржуваме. А што се однесува до „намамувањето“ некого, подобро е некаде да се „намами“ претседателот Зеленски – им рекол Песков на новинарите на прашањето дали Москва е подготвена да ја прифати улогата на Берлускони како посредник во дијалогот со Киев, пренесува РИА Новости.

Засега Путин не планира да се сретне со неговиот американски колега Џозеф Бајден, но Москва не ја исклучува можноста за средба на високо ниво со Вашингтон, изјави портпаролот на Кремљ.

– Засега нема ништо од средбата – изјави Песков, а пренесе Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Русија вели дека е подготвена за мировни преговори со Украина

Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина

Горан Наумовски

Кремљ ги предупреди предавниците да не се враќаат во Русија

Горан Наумовски

Песков: Изборите во Русија беа апсолутно чисти и фер

Кремљ ги коментираше американските избори

Песков: Британија и помага на Украина, таа е директно вклучена во конфликтот

Горан Наумовски