Песков: Руските и американските претставници ќе одржат нови разговори во Истанбул на 10 април

Од:

Руски и американски претставници ќе одржат нови разговори во Истанбул на 10 април, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков рече дека Русија ќе ја претставуваат претставници на Министерството за надворешни работи, без да прецизира за кои прашања ќе се разговара, пренесе Блумберг.

Објавувањето на датумот на новата средба дојде откако претставникот на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, се врати од дводневните средби во САД минатата недела и навести дека ќе има нови разговори.

Дмитриев се состана со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и државниот секретар Марк Рубио во Вашингтон, неколку дена откако американскиот претседател изрази фрустрација со Путин поради недостатокот на напредок во постигнувањето прекин на огнот во руската војна против Украина.

Трамп и Путин имаа два објавени телефонски разговори откако американскиот претседател ја презеде функцијата во јануари, што го означи почетокот на зближувањето меѓу Вашингтон и Москва, откако контактите беа речиси прекинати по почетокот на војната во февруари 2022 година.

Американските и руските преговарачи разговараа за обновување на меѓусебното дипломатско присуство, како и за можната идна економска соработка.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги споредува најавите на Трамп за заземање на Гренланд со руските анексии во Украина

Песков: Администрацијата на Бајден покажува дека ќе направи се за да не заврши оваа војна

А1он

Русија за американската помош: Ова дополнително ќе ја уништи Украина

Песков: Украинскиот суверенитет е „апстрактен концепт“, се прави по диктат на САД

Катерина Ѓуровски

Песков: Русија ќе ги заштити своите интереси и имот во странство

Песков: Со изјавата за нуклеарното оружје, Макрон всушност ги критикуваше САД