Песков: Ова не е наша војна, нека ја спречат оние што ја започнаа

Од:

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, денес изјави дека само оние што ја започнаа војната на Блискиот Исток можат да ја спречат.

„Војната што се води не е наша војна. И од самиот почеток го искажавме ставот дека секоја војна може да доведе до дестабилизација на регионот. И токму тоа го гледаме“, изјави Песков за руската новинска агенција Вести.

Како што истакна, зголемениот број земји што се приклучуваат кон војната е постојано видлив.

„Дали сме способни да ја запреме оваа војна? Не, не сме. Кој и да ја започнал, може да ја запре. И тоа е она што треба да го направи, според нас“, рече Песков.

Според него, Русија мора да го направи она што е во нејзин интерес, вклучително и минимизирање на последиците за економијата.

Нападите на САД и Израел врз цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран, започнаа на 28 февруари и предизвикаа цивилни жртви, додека Иран возвраќа со напади врз израелска територија и американски воени цели во регионот.

Во еден од нападите беше убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, а земјата прогласи 40-дневна жалост, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Песков: Смртта на генерал Сарваров е ужасно убиство

А1он

Песков: Засега нема разговори за средба Путин – Трамп до крај на годинава

А1он

Песков: Доколку Русија не ги постигне своите цели по мирен пат, конфликтот ќе продолжи

Песков: Путин не нареди почеток на нуклеарни тестови

А1он

Вучиќ и понуди муниција на Европската унија, реакција од Москва

Песков: Смртта на Кирк е последица на екстремната поларизација во американското општество