Пентагон: За 24 часа од Кабул евакуирани 16.000 лица

Од:

Околу 16.000 луѓе се евакуирани од Авганистан преку аеродромот во Кабул во изминатите 24 часа, соопшти Пентагон, во услови кога САД брзаат да ја завршат евакуацијата до поставениот рок, односно до 31 август.

Генералот Хенк Тејлор изјави пред новинарите дека 61 воен, комерцијален и чартер летови за голем број земји се реализирани од меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во рок од 24 часа, заклучно со 3 часот наутро во понеделник, превезувајќи луѓе кои ја напуштаат земјата откако талибанците ја презедоа власта

Од евакуираните тој ден, 11.000 се евакуирани со американскиот воен воздушен сообраќај, рече Тејлор.

Бројот на луѓе изнесени од Авганистан со американски летови од јули достигна 42.000, од кои 37.000 од 14 август, кога почна поинтензивна евакуација поради офанзивата на талибанците на Кабул.

Ова вклучува „неколку илјади“ американски државјани и илјадници Авганистанци кои работеле за американските сили кои аплицирале или добиле специјални имигрантски визи, и Авганистанци кои се сметаат за изложени на ризик од талибански напади поради нивната работа во невладини организации, медиуми и други работни места, појасни портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Тој рече дека фокусот останува на завршување на операциите за евакуација до крајниот рок до 31 август, кој претходно го одреди американскиот претседател Џо Бајден. Ова ќе бара повлекување на 5.800 американски војници, кои во суштина ги водат операциите и безбедноста на аеродромите од 14 август, како и голема количина опрема донесена за поддршка на нивната мисија.

Германски, британски и француски официјални претставници денеска рекоа дека нивната евакуација може да продолжи и по 31 август, и рекоа дека сакаат американските сили да останат на терен за да помогнат во меѓународниот воздушен транспорт.

Кирби не ја отфрли можноста Вашингтон да го продолжи рокот, иако талибанците рекоа дека нема да дозволат пролонгирање на рокот.

– Целта е да се извлечат што повеќе луѓе што е можно побрзо. Фокусот е да се обидеме да го направиме ова најдобро што можеме до крајот на месецот, рече Кирби.

Британскиот државен министер за вооружени сили Џејмс Хипеј денеска изјави дека премиерот Борис Џонсон на утрешниот виртуелен самит на г-7 ќе побара продолжување на мандатот на американските војници со цел да биде продолжен рокот на евакуација. Меѓутоа портпаролот на талибанците веднаш реагираше и посочи дека доколку „САД и Велика Британија побараа дополнително време за евакуација – одговорот е не. Во спротивно ќе има последици“.

Би можело да ве интересира

Тимот на Трамп сoставува црната листа

Пентагон: Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат против Украина

А1он

САД: Уапсен вработен во Пентагон со доверливи, тајни документи

Горан Наумовски

Пентагон: Употребата на оружје на Украина од САД не е ограничена само на Харков

Горан Наумовски

Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Горан Наумовски

Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан