Пекинг ја осуди „провокацијата“ откако американски воени бродови поминаа низ Тајванскиот теснец

Од:

Кинеското Министерство за надворешни работи го осуди преминувањето на два воени брода на американската морнарица низ Тајванскиот теснец како „провокација“ чија цел било „саботирање на регионалниот мир и стабилност“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лиџијан рече дека Вашингтон мора да ја почитува политиката „Една Кина“, што значи дека има само една кинеска Влада.

Тајван има независна влада од 1949 година, но Кина го смета островот за дел од својата територија и се противи на каква било форма на официјални контакти меѓу Тајван и другите земји.

Крстосувачите со наведувачки ракети USS Antietam и USS Chancellorsville вчера извршија „рутинска“ мисија во меѓународните води, соопшти седмата флота на американската морнарица.

„Транзитот на бродовите низ Тајванскиот теснец ја покажува посветеноста на САД за слободен и отворен Индо-Пацифик. Војската на САД лета, плови и оперира секаде каде што меѓународното право дозволува, се вели во соопштението.

Тоа беше првпат американската војска да испрати воени бродови низ стратешкиот воден пат откако претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси го посети Тајван.

Кусата посета, за време на која Пелоси вети солидарност на Вашингтон, предизвика го гнев кај властите во Пекинг, потсетува ДПА. Како одговор, кинеската војска одржа големи маневри околу островот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски