Пекинг ги повика жителите да пукаат помалку петарди за време на Новата година поради смогот

Од:

Пекинг, кој е прекриен со густ смог, ги повика своите жители да не пукаат многу петарди во периодот пред кинеската Нова година, која се празнува овој месец.

Градот се бори со лошиот квалитет на воздухот, кој веќе околу две недели е означен како „мошне нездрав“, а нивото на загаденост како „опасно“ и покрај тоа што денеска маглата беше растерана од силниот ветер.

Кинеската Нова година која настапува на 10 февруари се одбележува со палење на голем бој петарди. Според традицијата се смета дека тоа носи среќа при почетокот на Новата година. За време на празнувањето градовите наликуваат на бојно поле, а небото поцрнува од густиот чад.

Трите главни компании за петарди во Пекинг ги намалија на 750 илјади кутиите со пиротехнички средства за овогодишното празнување. Минатата година нивната бројка изнесуваше 810 илјади. Бројот на продавниците, кои имаат дозвола да продаваат петарди е намален од 1.429 на 1.337.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски