Пекинг: Барањето на Филипини пред ОН го комплицира проблемот

Од:

Кина денеска соопшти дека филипинското изнесување на територијалниот спор пред арбитражниот суд на Обединетите нации само ќе го искомплицира тоа прашање и ја осуди Манила за „недозволената окупација“ на кинеските острови во Јужно Кинеско Море.

Манила вчера побара арбитражниот суд на ОН врз основа на Конвенцијата за правата на морето на ОН, потпишана во 1982 година од двете држави, да и нареди на Кина да ја прекина активноста со која се повредува суверенитетот на Филипини.

Официјален Пекинг тврди дека речиси цел простор на Јужно Кинеско Море со два големи архипелага и припаѓаат на Кина, додека Филипини, Виетнам, Брунеи, Малезија и Тајван истакнуваат дека им припаѓаат деловите спроти нивните копнени територии.

Претставник на кинеското Министерство за надворешни работи Хонг Леи изјави дека „некои од кинеските јужни соседи окупираа некои од островите во Јужно Кинеско Море“. Тој посочи и дека Кина „упорно се спротиставува на филипинската недозволена окупација“ на островите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски