Педро Санчез: Шпанија ќе исфрли од воздух 12 тони помош за Газа

Од:

Премиерот на ШпанијаПедро Санчез, денес изјави дека шпанската влада ќе испрати 12 тони храна во Газа, со цел ублажување на проблемот со гладот, објавија шпанските медиуми.

Помошта ќе биде доставена со авион А400М кој ќе лета над Појасот Газа од каде што помошта ќе биде доставена со помош на падобрани и мрежи, според шпанскиот Периодико“, кој потсетува дека камиони со шпанска хуманитарна помош веќе чекаат да ја преминат границата од Израел.

Пратката, 12.000 килограми храна, што е еквивалентно на 5.500 оброци, ќе биде префрлена со хеликоптер и спуштена над енклавата со помош на 24 падобрани, секој тежок 500 килограми, на една од трите точки означени од Израел како хуманитарни паузи“, кои Јордан веќе ги користеше во последните неколку часа за испорака на залихи, според Ел Паис“.

Би можело да ве интересира

Израел ја прогласија областа околу Појасот Газа за затворена воена зона

Најмалку седуммина загинаа во израелски напад на погреб во Појасот Газа

Четворица загинати во израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Палестински доктор од Газа тврди дека бил мачен во израелски затвор

Алакбаров: Хамас ги попречува испораките на хуманитарна помош во Газа

Шпанија се противи на планот на Трамп за НАТО

Катерина Ѓуровски