Педро Санчез: Бараме отворање на Ормутскиот теснец – светот не смее да ја плати цената на оваа војна

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска побара отворање на Ормутскиот теснец и заштита на сите енергетски капацитети на Блискиот Исток, по ескалацијата на нападите врз клучните нафтени и гасни проекти во регионот, пишува Гардијан.

„Владата на Шпанија бара отворање на Ормускиот теснец и заштита на сите енергетски капацитети на Блискиот Исток“, објави тој на социјалните мрежи.

„Се наоѓаме на глобална пресвртница. Понатамошната ескалација може да предизвика долгорочна енергетска криза за целото човештво. Светот не треба да ги плаќа последиците од оваа војна“ рече Санчез.

Иако Санчез не ги именуваше директно ниту Иран, ниту САД, неговиот повик дојде откако Трамп му се закани на Иран во саботата.

Тој му даде на Техеран 48 часа да го отвори Ормутскиот теснец, кој е од витално значење за протокот на светската нафта, или САД ќе „нападнат и уништат“ иранските електрани, „почнувајќи од најголемите“.

Техеран возврати со закана дека „неповратно ќе уништи“ клучна инфраструктура низ Блискиот Исток, вклучувајќи ги и виталните системи за водоснабдување, доколку САД започнат напад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел повторно го крши меѓународното право, обвини шпанскиот премиер Санчез

Одбиен предлогот на Трамп Шпанија да биде исфрлена од НАТО

Санчез инсистира ЕУ да го раскине договорот со Израел

А1он

(ВИДЕО) Кина и Шпанија ги продлабочуваат врските: „Меѓународниот поредок се распаѓа“

Шпанскиот премиер ги игнорира повиците на Мерц поради Трамп

Катерина Ѓуровски

Шпанија одговори на заканите на Трамп за прекин на трговијата