Најмалку 20 лица загинаа денеска при уривање на патнички авион од типот „Челинџер 200“ во близина на поранешниот главен град на Казахстан, Алмати.
Според првичните информации, во авионот на авиокомпанијата СКАТ имало 22 патници плус членовите на екипажот.
Авионот летал на домашна линија и се урнал набрзо по полетувањето од аеродромот во Алмати.
Казахстанските медиуми јавиваат дека најверојатна причина за уривањето на авионот е густата магла во реонот на Алмати.