Парламентот на Грузија ја изгласа новата Влада на премиерот Мамука Бахтадзе

Од:

Со 99 гласови „за“ и шест „против“, Парламентот на Грузија ја изласа новата Влада на премиерот Мамука Бахтадзе.

Повеќето членови на новиот Кабинет работеле и во претходниот, чиј премиер беше Гиорги Квирикашвили. Има и тројца нови членови: министер за надворешни работи е Давид Залкалиани, кој последните години беше прв заменик-министер за надворешни работи, министер за економија и одржлив развој е досегашниот заменик – министер Гиорги Черкезишвили, а министер за финансии е Николоз Гагуа, кој беше заменик министер во ова Министерство.

Во наредните две-три седмици, откако Парламентот ќе го усвои законот за намалување на бројот на министри од 14 на 11, Бахтадзе ќе претстави нов состав на Владата со 11 министри.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија