Парламентарни избори во Грузија

Од:

Во Грузија се одржуваат парламентарните избори, на кои за 150 пратенички места ќе се борат 14 партии и два блока.

Главната битка ќе се води меѓу партијата „Единствено национално движење“ на претседателот Михаил Сакашвили и опозициската коалиција „Грузиски сон“ на милијардерот Бидзина Иванишвили.

„Ова е ден со историско значење за Грузија. Денеска ќе се одлучува за судбината на Грузија“, рече Сакашвили откако гласаше во центарот на Тбилиси во придружба на сопругата и помладиот син.

Право на глас имаат вкупно 3,6 милиони гласачи. Според изборниот законик, изборите ќе се сметаат за успешно спроведени без разлика на бројот на излезени гласачи.

 

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија