Вулкан се активира на островот Манам, во Папуа Нова Гвинеја, поради што денеска околу 2.000 луѓе беа евакуирани, соопшти Националниот центар за вонредни состојби.
Вулканот на островот Манам е еден од најактивните во таа област, а на островот живеат околу 9.000 луѓе.
Досега нема извештаи за повредени.
– Три села се најдоа на патот на лавата, па жителите беа евакуирани, рече директорот на Центарот за вонредни ситуации, Мартин Моуз.
Над вулканот, се издигна столб од чад и пепел, висок 15 километри.