Папата замина за Канада да го пренесе извинувањето на црквата до домородното население за злоставувањата на нивните деца во минатото

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска замина во посета на Канада каде се очекува повторно да побара прошка за улогата на црквата во злоупотребата на свештенството врз домородните деца во католичките интернати.

Авионот на папата претпладнево полета од Рим, а 85-годишниот папа поради болки во десното колено до авионот повторно дошол со инвалидска количка, што до авионот била покрената со лифт.

Папата Франциск, и покрај повредата на коленото, остана на одлуката летово да ја посети Канада за лично да се извини за злоупотребата на домородните деца во католичките училишта.

Од 19-от век па се до 1970 година повеќе од 150.000 домородни деца во Канада биле принудени да посетуваат христијански училишта, што биле финансирани од државата. Целта била овие деца да се изолираат од влијанието на нивните семејства и културата, односно за нивна асимилација.

Папата во април веќе се извини и побара прошка, изјавувајќи дека е засрамен и огорчен од тоа што домородните деца го доживеале од католичките просветни работници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата, средба со Радев не е остваренa

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Финансиски колапс на Светата столица: Ватикан должи околу 4,8 милијарди евра

Папата Франциск: Смртта на мигрантите е неприфатлива и речиси секогаш може да се избегне

Тајно снимен разговор меѓу папата Франциск и кардинал, објавен транскрипт

Горан Наумовски

Папата Франциск го распушти раководството на добротворната организација Каритас