Папата Лав XIV ги повика водечките светски сили да ги прекинат сите војни

Од:

Папата Лав XIV денеска во своето прво обраќање до верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан ги повика водечките светски сили да престанат да водат војни.

Новоизбраниот папа апелираше и за вистински и траен мир во Украина, како и за прекин на огнот во Газа и ослободување на сите израелски заложници, објави Ројтерс.

Во исто време, Лав XIV го поздрави последното примирје постигнато меѓу Индија и Пакистан и додаде дека се моли на Бога да му даде на светот „чудо на мирот“.

„Да одговориме на поканата што ни ја упати папата Франциск во денешната порака да ги прифатиме и да ги придружуваме младите. Да го молиме нашиот небесен Отец да ни помогне да живееме во служба еден на друг“, рече Папата.

Би можело да ве интересира

Папата прогласи седум нови светци, меѓу нив е и поранешен сатанист

Папата Лав XIV: Мора да разговараме и да го спуштиме оружјето, да го прекинеме варварството на војната

А1он

Зеленски: Предлогот за средба на лидерите во Ватикан останува отворен

Лав XIV: Парите одат кај трговците на смртта наместо за болниците и училиштата

Папата Лав ги нарече „за жалење’ националистичките движење

Папата разговараше со Путин, го замоли да преземе чекори кон мир

А1он