Папата Франциск денеска на приватна аудиенција во Ватикан ги прими познатиот актер Силвестер Сталоне (77) и неговото семејство.
Ѕвездата на филмовите „Роки“ и „Рамбо“ претходно доби статус на почесен граѓанин од локалните власти на Џоја дел Коле, во близина на Бари, од каде што потекнува неговото семејство, пренесе агенцијата Анса.
Сталоне отпатува во Италија со својот брат Френк. Двајцата заедно со нивните семејства се фотографирале со папата по средбата во Ватикан.