Папата Франциск денеска, за време на обраќањето пред верниците на плоштадот Св. Петар во Ватикан, најави дека планира да ги посети Унгарија и Словачка во септември.
Папата потврди дека ќе присуствува на централната миса на 52-от Меѓународен евхаристиски конгрес во Будимпешта на 12 септември и истиот ден ќе отпатува за Словачка.
Во таа земја, Папата ќе го посети главниот град Братислава, како и градовите Прешов, Кошице и Шастин, објави Светата столица.
„Одамна се очекуваше дека поглаварот на Католичката црква може да дојде на миса во Будимпешта на Плоштадот на хероите на 12 септември“, соопшти Ватикан, додавајќи дека Папата сега ја прифатил поканата.
Ватикан не коментира дали папата Франциск ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на неговата посета на земјата.