Папата Франциск во Романија: Треба да си помагаме меѓусебно

Од:

Папата Франциск денеска се сретна со романскиот патријарх Даниел и со членовите на Синодот на Романската православна црква во патријаршијата во Букурешт.

Папата предупреди дека глобализацијата придонесува за искоренување на човечките вредности и порача дека луѓето не смеат да се препуштат на културата на омраза и индивидуализам, пренесува агенцјата Агерпрес.

– Треба да си помагаме меѓусебно да не се препуштиме на заводливоста на културата на омраза и индивидуализам, што не е толку идеолошка како што беше во времето на прогонувањето на атеистите, но е поубедлива и помалку материјалистичка, рече Папата.

Тој потсети дека пред 20 години и папата Јован Павле Втори ја посети Романија и додаде дека сеќавањето на заедничките чекори охрабрува на патот кон иднината.

– Треба заедно да го слушаме Господ, особено во овие времиња кога светските патишта доведоа до брзи општествени и културни промени, рече папата Франциск.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски