Папата Франциск се опоравува

Од:

Папата Франциск денеска продолжи да закрепнува од двојното воспаление на белите дробови, отфрлајќи ги шпекулациите дека му се одбројани часовите или дека ќе поднесе оставка на местото поглавар на Римокатоличката црква.

Ватикан објави дека 88-годишниот папа повторно добро спиел во текот на ноќта во римската болница Гемели, појадувал и расположен го продолжил лекувањето. Се чекаат резултатите од лабораториските анализи.

Лекарите пријавиле дополнително подобрување на неговата клиничка состојба во средата. Тие рекоа дека лошата функција на бубрезите е подобрена, тестовите на крвта покажале благо подобрување, а КТ скен на градниот кош покажал дека инфекцијата на белите дробови не се проширила.

Папата, на кој му беше отстранет дел од едното белодробно крило на млада возраст, продолжува да дише кислород и добива респираторна физиотерапија за да помогне да се исфрли течноста од неговите бели дробови. Од саботата нема респираторна криза.

Неговиот претстоен календар на обврски е променет: Ватикан ја откажа аудиенцијата закажана за сабота, а останува да се види дали Франциск трета последователна недела ќе го прескокне благословот на верниците во недела на пладне на плоштадот Свети Петар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

ВИДЕО: Ватикан се подготвува, поставен оџак на Сикстинската капела

Катерина Ѓуровски

Објавени фотографии од гробот на папата

Катерина Ѓуровски

Погребан папата Франциск

Предраг Петровиќ

Пристигна во Рим во најскап стајлинг, а на погребот на папата беше непрепознатлива

ЖИВО: Почна погребната церемонија на папата Франциск, обезбедување од 4.000 полицајци