Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови

Од:

Папата Лав Четиринаесетти денеска за време на состанокот со претставници на други конфесии и цркви, порача дека ова е момент за дијалог и градење мостови, објавија италијанските медиуми.

„Убеден сум дека ако се согласиме и се ослободиме од идеолошкото и политичкото условување, можеме да кажеме „не“ на војната и трката во вооружување и „да“ на мирот и разоружувањето“, рече папата, додавајќи дека истовремено можеме да ја отфрлиме економијата што ги осиромашува луѓето и планетата Земја, а да прифатиме интегрален развој, пренесе италијанската агенција АНСА.

На средбата со претставниците на другите конфесии, папата се осврна на еврејските корени на христијанството, нагласувајќи дека сите христијани имаат посебен однос со јудаизмот.

„Теолошкиот дијалог меѓу христијаните и Евреите останува секогаш важен и близок до моето срце. Дури и во овие тешки времиња, оптоварени со конфликти и недоразбирања, потребно е со ентузијазам да го продолжиме овој наш многу драгоцен дијалог“, заклучи папата Лав Четиринаесетти на состанокот со претставниците на други религии.

Би можело да ве интересира

Папата на Инстаграм: Би сакал овој поздрав на мирот да одекне во вашите срца, во вашите семејства и меѓу сите луѓе!

А1он

Папата Лав XIV ги повика водечките светски сили да ги прекинат сите војни

А1он

ВИДЕО: Изненадување од Ватикан, објавена снимка од новиот папа веднаш по изборот

Катерина Ѓуровски