Министерството за здравство од појасот Газа објави дека 219 лица загинале во понеделникот, така што вкупниот број убиени во војната во палестинската енклава достигна 8.525 загинати.
Портпаролот Ашраф ал-Кидра изјави на прес-конференција дека е меѓу жртвите има 3.542 деца и 2.187 жени.
Ал-Кидра рече дека главниот генератор на електрична енергија во болницата Беит Лахи, северно од Газа, престана да работи поради недостаток на гориво.
Тој предупреди дека повеќе болници може да останат без електрична енергија во наредните денови, освен ако не е дозволено испорака на гориво кон Газа.