Палестинското Министерство за внатрешни работи, управувано од Хамас, соопшти дека „домовите на граѓаните“ во градот Газа биле бомбардирани синоќа како дел од израелските напади. Палестинската новинска агенција Вафа јавува дека „десетици“ цивили се убиени во нападите врз градот Газа и другите делови на Појасот.
ИДF не ги коментираше палестинските наводи. Израел со недели ги предупредуваше луѓето да го напуштат градот Газа и северниот дел на Појасот, но илјадници останаа. Вчера локалните власти соопштија дека 600.000 луѓе сè уште живеат во „Газа и северните провинции“.