Падот на авионот во Казахстан го преживеаја 29 лица – 38 загинаа

Од:

Во последното во низата соопштенија, властите на Казахстан известија дека 29 патници и членови на екипажот денеска го преживеаја падот на патничкиот авион во близина на градот Актау, а 38 загинаа.

Вицепремиерот на Казахстан – Канат Бозумбаев ги претстави новите бројки на средба со претставници на Азербејџан, каде се наоѓа седиштето на авиокомпанијата „Азербејџан ерлајнс“ чиј авион „Ембраер 190“ се урна, пренесе руската новинска агенција „Интерфакс“.

Авионот се урна на пат од главниот град на Азербејџан Баку кон рускиот град Грозни, но има информации дека го сменил курсот наводно поради магла и дека екипажот испратил СОС сигнал за несреќа при летот.

Според некои извештаи, авионот наводно удри во јато птици, а според други, по грешка бил соборен од руската противвоздушна одбрана, како што покажуваат фотографиите од дупките на трупот, чија задна половина паднала на земја, а патниците кои биле таму преживеале.

Еден час пред падот на авионот, руската одбрана се справуваше со напад со дрон од блиската Чеченија.

Како што соопшти Азербејџан ерлајнс, 37 патници биле државјани на Азербејџан.

Имало и 16 државјани на Русија, шест државјани на Казахстан и тројца државјани на Киргистан, се наведува во соопштението што го пренесува „Бета“.

Би можело да ве интересира

Авионот кој се урна го управуваше искусен пилот, а копилотот наскоро требаше да биде унапреден

А1он

Последната објава на американскиот лизгач беше од авионот на смртта

А1он

Нема преживеани во судирот на патнички авион и хеликоптер во Вашингтон

А1он

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

12 повредени во верижна сообраќајка на 95 возила

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски