Ова се најголемите опасности за светот во 2015. година

Од:

Деветстотини експерти кои добиле задача да ги проценат главните глобални ризици, нивната веројатност и можното влијание во наредните десет години, оцениле дека „меѓудржавните судири со регионални последици“ се најголем ризик што се однесува на веројатноста, пишува во соопштението на организаторот на Светскиот економски форум познат како Форум во Давос.

Второто место го заземаат екстремните климатски појави и неуспехот во управувањето со земјата, а на трето место е ризикот од крах или криза на државите и невработеноста или високата структруна недостапна вработеност.

Што се однесува на последиците, „криза за вода“ е на врвот на листата, пред брзото и масовно ширење на заразни болести и оружјето за масовно уништување. Меѓудржавните судири се на четврто место, пред неспособноста за прилагодување на климатските промени, се истакнува во десетиот број на овој извештај.

– 2015 ќе биде година во која ќе има геополитички ризици, кои изостанаа од листата на ризици последниве пет години, се истакнува во соопштението, со напомена дека ризиците од судири и ризиците поврзани со оружје за масовно уништување и со трористички напади ќе зајакнат во однос на 2014.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протестот

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ