Новинари на германски SWR на дното на каналот Ла Манш, кој ги разделува Велика Британија и Франција, откриле речиси 30.000 буриња со радиоактивен отпад.
Отпадот се наоѓа таму од 60-тите години на минатиот век, а најмногу го фрлала Велика Британија и Белгија.
Новинарите со помош на подморница без посада откриле дека 10.000 од бурињата се наоѓаат на само неколку километри од брегот на Франција, на длабочина од 124 метри.
Прашање е дали ова е единствениот ваков отпад во околината.
Политичарите кои се грижат за животната средина, веднаш побарале отстранување на радиоактивниот материјал, поради страв дека може да истече од бурињата.