Осуммина загинати во хеликоптерска несреќа во Индија

Од:

Осум лица загинаа кога хеликоптер, кој извршувал спасувачка мисија, се урна поради невреме во индиската држава Утарaканд, која е зафатена од големи поплави, соопшти индиското Министерство за одбрана.


Хеликоптерот на индиското Воено воздухопловство се урнал во близина на Гаврикунд на враќање од Кедарнат, кој е еден од најпогодените реони од поплавите. Загинале петмина војници и тројца цивили.


Воени хеликоптери продолжуваат да евакуираат илјадници луѓе од поплавените области и покрај лошите временски услови.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати