Осуммина повредени во напад со руски дрон врз Черниговската област во Украина

Од:

Осум лица се повредени во напад со руски дрон врз Черниговската област во Украина.

Според Државната служба за вонредни ситуации на Украина, меѓу нив има три деца.

Според спасувачките служби, еден од ударите предизвикал пожар во центарот на културата во селото Сновске, во областа Корјукивка.

Во населбата Рипки, една куќа е оштетена.

Пожарникарите објавија дека брзо ги изгаснале пожарите во индустриските објекти, во станбените области и во инфраструктурните објекти, како и на возилата што биле зафатени од пожарот, објавува Украинска правда.

Би можело да ве интересира

Небензја: Москва не се согласува на замрзнување на конфликтот во Украина

А1он

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

НАТО крена борбени авиони – руски и украински дронoви навлегоа во воздушниот простор на Латвија

А1он

Русија ги опремува ударните дронови „Геран“ со магнетометри

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он

„Путин не е светски лидер, туку воен злосторник“

А1он