Осум украински војници повредени во близина на Славјанск

Од:

Најмалку осум украински војници се ранети во борбите во близина на Славјанск, објави украинската редакција на Би-Би-Би.

Борбите се водат во близина на излезот од градот во правец кон градот Изјум. Според украинските безбедносни служби, текот на операцијата бил променет, затоа што противникот ги нападнал од зад грб.

Во Славјанск сега се наоѓаат украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков и командантот на Националната гарда на Украина Степан Полторак.

Според Аваков, противникот користи тешка артилерија. Тој исто така тврди дека меѓу напаѓачите на украинските војници имало и Чеченци.

Украинските војници веќе ја зеле под контрола локалната телевизиска кула, по што е обновено емитувањето на украинските канали. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми