Остра размена на велигденски пораки меѓу Киев и Москва

Од:

Поглаварите на православните цркви на Украина и на Русија, патријарсите Филарет и Кирил, разменија остри велигденски пораки покажувајќи ја длабоката криза и големата поделба што во овој момент постои меѓу двете држави.

Украинскиот патријарх Филарет ја обвини Москва дека извршила „агресија“ врз неговата земја, а Русија ја означи како „зло“ во светот.

Рускиот патријарх Кирил, во истовреме, од Москва побара од Господ да ги „спречи плановите на оние кои сакаат да ги разделат Русија и Украина“.

Пораките доаѓаат во време кога проруските групи во источна Украина одбиваат да се повлечат од зградите на украинските државни институции,иако за тоа беше постигната согласност на четворната конференција во Женева меѓу Русија,Украина,ЕУ и САД.

Во Доњецк проруските сили прогласија „Доњетска република“ и го промовираа своето ново знаме.Тие најавуваат одржување референдум,како оној во Крим,за приклучување кон Русија.

Властите во Киев и Западот за делувањет на овие групи ја обвинуваат Москва,што од руска страна категорично се отфрла. Руското Министерство за надворешни работи ги обвнува припадниците на ултрадесничарите во Украина и припадниците на „Десниот сектор“ за нападите врз Русите и врз руското население во источниот дел на земјата.Москва е гневна дека токму овие сили кои Киев ги толерира,се виновни за десетината мртви за време на пукотниците во градот Славјанск.

Патријархот Филарет ја обвини Русија за дејствувањето против, како што рече, мирољубивата украинска држава која доброволно се откажа од своето нуклеарно оружје“.

Привремениот украински премиер Арсениј Јацењук во велигденската порака го обвини рускиот претседател Владимир Путин за намерата да го обнови некогашниот Советски Сојуз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми