Осомничениот за масовното силување во Индија бил во реалити шоу

Од:

Рам Синг (33), еден од петте Индијци осомничени дека со малолетник на 16 декември минатата година, брутално силувале и претепале во автобус во Њу Делхи, 23-годишна студентка, кој набрзо потоа почина од повредите, се појавил во реалити шоу. Тој во шоуто “Твојот суд” во 2011. барал од работодавачот надоместок за повреда при работа, откако пијан предизвикал автобуска несреќа.

Оваа епизода на индиската риалити програма се наоѓа на “Јутјуб” и во неа Синг тврди дека ги повредил двете раце во автобуската несреќа и бара пари, со образложение дека мора да издржува мало дете.

Силуваната студентка осум дена пред да умре, додека беше во состојба да зборува, на полицијата и ги соопшти имињата на напаѓачите,меѓу кои е и името на Синг. Нејзината изјава сега ќе се користи во кривичната постапка против групата на силувачи.

Реалити програмата во која Синг учествувал, го водела како лажен судија Киран Беди, некогаш највисоко позиционирана жена во индиската полиција. Беди за “Хафингтон пост” изјави дека Синг тогаш го загубил случајот.

– Работодавачот докажа дека Рам Синг неовластено го зел возилото и го оштетил автобусот. Тој бил виновен – рече Беди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати