Претставникот на рускиот претседател Владимир Лукин денеска изјави дека во Славјанск во источниот дел на Украина се ослободени воените набљудувачи на ОБСЕ.
– Ослободени се сите 12 лица, кои се кај мене на список, изјави Лукин.
Кон крајот на минатата недела претставници на проруски активисти во Славјанск задржаа членови на мисијата на ОБСЕ поради сомнеж за шпионажа.
Тимот набљудувачи на ОБСЕ, предводен од Германци, беше составен од претставници од Чешка, Данска, Полска и Шведска.
Германската канцеларка Ангела Меркел во четвртокот побара од рускиот претседател Владимир Путин помош за ослободување на набљудувачите на ОБСЕ, кои во петокот на 25 април беа заробени од проруски бунтовници во источна Укрина.