Ослободени киднапираните од Австрија и Финска

Од:

Финскиот пар и студентот од Австрија кои беа киднапирани во Јемен од екстремисти на Ал Каеда се ослободени и предадени на властите на Оман, соопштија вчера официјални лица.

Инцидентот се случи во декември минатата година во Сани, а ги ослободија припадници на локално племе на границата со Оман, изјави за „Франс прес“, анонимен извор.

Кон крајот на март министерот за надворешни работи на Финска разговараше со претседателот Абдрабух Мансур Хади за судбината на киднапираните.

Во февруари на „Јутјуб“ беше објавена видео снимка од грабнатиот австријски студент, на која се гледа како грабнувачите му се закануваат дека ќе го убијат доколку Австрија, Јемен и Европската унија не платат за нивно ослободување.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен