Ослободени четворица од киднапираните набљудувачи на ОБСЕ во Украина

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) потврди дека се ослободени четворица членови на нејзината набљудувачка мисија во Украина, кои беа киднапирани пред еден месец во Доњецката област, јави ИТАР-ТАСС.

Портпаролот на мисијата во Киев Мајкл Бочуркив потсети дека четворицата минале повеќе од еден месец во заробеништво.

Втората група од четворица набљудувачи, исчезнати во Луганската област, се уште не се ослободени.

Претходно, претседателот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ објави дека претставниците на ОБСЕ се ослободени и се на пат кон Доњецк.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми