Ослободена Палестинка: Ми се закануваа дека не треба да го прославам ослободувањето од затвор

Од:

Мара Бекер, која беше уапсена во 2015 година кога имаше 16 години, денеска беше ослободена од израелскиот затвор Офер. Бекер изјави за Ал Џезира дека на многу од ослободените затвореници им е потребна медицинска помош. Не е јасно зошто билa во затвор.

„Сите затвореници претрпеа тешка медицинска негрижа“, рече таа, додавајќи дека била застрелана во раката при апсењето.

Бекер вели дека утрово била известена дека ќе излезе од затвор. Таа за Ал Џезира изјавила дека полицијата, меѓу другото, направила ДНК тест пред да ѝ кажат дека не смее да слави откако е пуштена на слобода.

„Малку сум нервоза и запрепастенa. Не можам да верувам дека сум надвор“, рече таа.

Бекер тврди дека полицијата ги известила другите затвореници кои сега се ослободени дека повторно ќе бидат уапсени доколку има некакви прослави и ако се веат знамиња по нивното ослободување.

Нејзиниот татко изјавил за Ал Џезира дека бил повикан во полициска станица претходно денеска и „му се заканувале дека нема да одржува прослави или да покажува знаци на радост“ по ослободувањето на неговата ќерка.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас