Ослободена една од членките на Пуси рајот

Од:

Една од членките на бендот Пуси Рајот е ослободена, додека останатите две, сепак ќе поминат две години во затвор, одлучи денеска судот во Москва.

Жалбената постапка во случајот Пуси рајот траеше само неколку часа, а усвоена е жалбата на адвокатот на Јекатерина Самуцевиќ  дека таа поминала само 15 секунди во црквата во текот на панк молитвата.

Трите членки на панк бендот Пуси рајот во август беа осудени поради хулиганство и поттикнување верска омраза на две години затвор, по панк молитвата против претседателот на Русија, Владимир Путин во Храмот на Исус Спасителот, што предизвика остри реакции во светот.

Пресудата на двегодишна затворска казна останува на сила во случајот со Надежда Толоконикова и Марија Аљехина, додека третата членка доби условна казна. Сите три на почетокот на жалбената постапка ја негираа вината.

„Протестот беше политички, не сакавме да ги навредиме ниту црквата ниту верниците. Невини сме и пресудата би требало да се поништи“, рече на почетокот на жалбената постапка една од членовите на Пуси Рајот, Марија Аљехина.

 

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио